Почина познатиот штипски бизнисмен Ване Богдов. Тој беше познат во целата држава по тоа што им ја имаше предадено конфекцијата ВаБо на тимот од вработени кои успешно ја продолжија неговата работа. Штипјани ќе го помнат и како ктитор на црквата „Свети Константин и Елена“ во населбата Балканска за што го добил признанието „Свети Никола“.
Богдов вчеравечер околку 21 часот бил на прошетка на Пешачкиот мост близу Суитлак каде доживеал срцев удар. Студент по медицина успеал да му го реанимира пулсот, бил префрлен до болницата со возило на Итната помош, но не преживеал.
„Овој човек, поради својата несебичност и желба за создавање, поради својата хуманост, волјата за живот и огромна љубов кон семејството, вработените и соработниците, секогаш ќе го споменуваме за убави работи, затоа што остави траен белег во нашите сеќавања“, се вели во една од прошталните пораки на Фејсбук.