На 12.03.2023 во 18.05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово. Тој се сомничи дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2023 во 21.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.И.(32) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 20.30 часот на подрачје на Аеродром се обидел да одземе чанти на Е.Д.(37) од Скопје и од нејзината ќерка, но не успеал. Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2023 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Л.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на минатиот месец извршил пет кражби, од кои четири во продажни објекти и една од приватен имот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 12.03.2023 околу 13.45 часот на улица „Александар Јовановски-Журчин“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец К.М. поради сомнение дека извршил кражба. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против К.М. ќе следува соодветен поднесок.
На 13.03.2023 во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(26) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 12.03.2023 во 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода М.Ч.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 12.03.2023 околу 22.40 часот на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, ги лишиле од слобода Е.Т.(18) од тетовска Шипковица, Б.Б.(26), Е.Е.(24), Б.Е.(26) и Ф.Ф.(25), четворицата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 12.03.2023 во 18.10 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 49-годишниот Х.Ш. од ова село затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2023 околу 19.30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Б.Ш. од тетовски Лешок затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот Б.Ш. ќе се соочи со законски предвидениот поднесок.
На 11.03.2023 во 22.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.Р.(26) и Д.Р.(27), двајцата од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
Во текот на вчерашниот ден (12.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 881 возач. Од нив 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 484 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 397 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкција, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за возење под дејство на алкохол…
На 12.03.2023 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани 88 возила (ТЕ-43 и ГВ-45) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Осум од нив (ТЕ-5 и ГВ-3) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час, 21 возило (ТЕ-12 и ГВ-9) до 70 километри на час и така натаму. Покрај ова, санкционирани биле и 72 возачи (ТЕ-46 и ГВ-26) кои ја надминале пропишаната брзина во населено место, како и 10 други видови сообраќај и прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-7).
На 12.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 77 прекршоци, од кои 54 надвор од населено место и 23 во населено место. Санкционирани биле и 33 други видови на прекршоци, од кои 13 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 5 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за непрописно престигнување, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 3 за прекршоци сторени од пешаци и 1 за непрописно паркирање.
На 12.03.2023 во 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Л.(22) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.З.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.З. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле возачот М.Л. и уште еден сопатник од возилото „сеат ибица“, Л.Г.(22) од Скопје констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 13.03.2023 во 02.20 во СВР Тетово, Д.П.(52) од Гостив пријавил дека на улица „Тоде Богдановски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.
На 12.03.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Чаир, П.Н.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Бутелска“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.