Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ е уникатна меѓународна институција со седиште во Солун, но со дисперзирани активности во осум земји и е широко призната низ целиот регион за нејзината академска извонредност. СИТИ Колеџ им овозможува на студентите во регионот да имаат директен пристап до врвно британско образование и како интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, претставува центар за поврзување на академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи од Универзитетот низ целиот регион. Оваа соработка придонесува и за зголемување на капацитетите на СИТИ Колеџ како веќе реномирана академска институција со докажано влијание врз општествените процеси во регионот.
Британското образование е познато по својата исклучителност и доктрина базирана врз истражувачки методи, а Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, светски признат по својата истражувачка работа и рангиран на 139-то место во светот според Times Higher Education 2023. Професор Чарли Џефри, канцелар на Универзитетот Јорк ја поздравува меѓусебната соработка и смета дека Универзитетот Јорк и СИТИ Колеџ заедно претендираат целосно да го трансформираат студентското искуство и да го збогатат секој аспект од академскиот живот. Студентските програми на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк овозможуваат вредно и применливо знаење, во заедница од повеќе од 130.000 дипломци од над 180 земји.
– Врз основа на нашите заеднички вредности, нашата релација со СИТИ Колеџ во својата основа го има јавното добро – придонесување за развој на луѓето, општествата и економиите, проширувајќи ги можностите и пристапот за сите. Европскиот кампус СИТИ Колеџ ќе овозможи физичко присуство на Универзитетот Јорк во Европа и ќе биде центар на целиот Универзитет за поврзување со академските, владините и корпоративните мрежи низ Југоисточна Европа и соседните региони – изјави професор Чарли Џефри, канцелар на Универзитетот Јорк.
Покрај тоа, СИТИ Колеџ заедно со Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур, нуди единствена образовна можност, преточена во Паневропската извршна МБА програма, со двојна диплома за регионот на Југоисточна и Источна Европа, како и во регионот на Кавказ. Според Тиери Бургер-Хелмхен, Заменик потпретседател за учење и настава на Универзитетот во Стразбур, ваквиот спој на традиција и знаење нуди бројни придобивки за академската јавност, но дека пред сè се отвораат нови можности за деловните луѓе и за развој на општеството.
– Многу сме горди што ги здружуваме силите со СИТИ Колеџот, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк за да дизајнираме висококвалитетна извршна МБА програма, којашто им нуди на менаџерите со висок потенцијал престижна диплома за деловна администрација во рамките на Паневропската мрежа на високообразовни институции. Оваа добро осмислена меѓународна програма е во совршена синергија со светот на бизнисот. Со силни квалитетни курсеви и неколку области на специјализација, извршната МБА програма е прилагодена речиси за секој студент. Универзитетот во Стразбур, водечки француски истражувачки универзитет, со историја што датира од 1538 година, е дом на осумнаесет добитници на Нобеловата награда. Нашите студенти со гордост ќе ги запознаеме со најновите случувања во областа на економијата и менаџментот, иновациите и европската економија – истакна Тиери Бургер-Хелмхен, заменик потпретседател за учење и настава на Универзитетот во Стразбур.