Рокот за завршување на коридорите се удвои за само еден ден

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дали од невнимание или недоразбирање, од Кабинетот на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, кое е главен извор на информации кога е во прашање договорот за изградба на патните коридори 8 и 10 Д, вчера и денеска дојдоа две соопштенија со две различни „прогнози“ за тоа колкав е рокот во кој ќе бидат комплетирани овие делници од страна на изведувачот Бехтел и Енка.

Во вчерашното соопштение се наведува дека периодот на изградба е 3 години од почетокот на работите. Во денешното соопштение од истиот Кабинет, пак, по повод потпишувањето на договорот во Владата, се вели дека „историскиот проект коридот 8 и 10 д, ќе се финализира во период од шест години од почетокот на работите“.

Многу медиуми известувајќи од денешното потпишување на договорот објавија дека проектот ќе трае пет години.

Некои од нив разбрале дека работата ќе биде завршена и порано.

„Целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа -Струга – Ќафасан и 57 месеци за Гостивар – Букојчани и за Прилеп -Битола“ – пренесе еден од порталите.

Share This Article