Жизел Бундшен направи поза која ѝ направи проблеми

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Манекенката Жизел Бундшен ја обвинуваат за сатанизам откако неодамна на насловната страница на „Вог Италија“ се појави со поза за којашто некои веруваат дека го претставува ѓаволот. Критикувачите најдоа поврзаност меѓу поставеноста на супермоделката со ликот на Бафомет – еретичко-сатанско суштество од историските записи за Инквизицијата од 14. век.

– Забележете ја сличноста на положбата на нејзините раце, со линиите на буквите О и Г, облеката и боите на сатанска свештеничка – сѐ потсетува на Бафомет“, „Зошто наеднаш црвената боја стана толку „будна“ (се мисли на тренд-идеологијата „Woke“ – „Будност“)?“, „Сатанската вештерка“, „Oд кога популарната естетика околу славните стана сатанска?“ – се само дел од коментарите на Твитер.

 

Жизел позираше за „Вог“ (Vogue) во црвен фустан на „Валентино“. Косата ѝ е сокриена под „залижаната“ црвена перика, со многу шминка и со целосно избледен тен. На усните има црвен кармин, додека очите ѝ е украсени со црна сенка, а пак лицето ѝ е украсено со дијамантски обетки… Сè тоа го прави целиот нејзин изглед прилично „мистичен“.

Изгледот на Жизел го дизајнираше стилистот Иб Камара, кој е и главен уредник на списанието „Дејзд“ (Dazed). Инаку, манекенката досега била на дури 142 насловници на „Вог“.

Share This Article