More

    Холивудскиот актер Џереми Ренер се појавил во јавноста само два месеца откако преку него помина плуг за снег и за малку ќе го убиеше

    spot_img

    Холивудскиот актер Џереми Ренер (52) се појавил во јавноста само два месеца откако преку него помина плуг за снег и за малку ќе го убиеше.

    Папараците го фотографирале Ренер во Лос Анџелес додека се возел на совозачко седиште во автомобил.

    Обожавателите шпекулираат дека Ренер пристигнал во Лос Анџелес поради деловни обврски, но, актерот не открил која е причината.

     

    Имено, Ренер во моментот ја промовира втората сезона од неговата серија „Градоначалник на Кингстаун“, во која ја игра главната улога.

    Ренер пред несреќата работеше на сопствената емисија „Rennervations“, која ја снима за „Дизни +“, а која би требало да биде негова верзија на шоуто „Сам свој мајстор“. Во таа емисија, тој ќе им помага на луѓето кои реставрираат специјални возила кои ги користи целата заедница, а дел од шоуто ќе се снима и на неговиот имот во Невада, каде што на почетокот на зимата беше прегазен од плуг за чистење снег и му нанесе тешки повреди.

     

    Да потсетиме, Ренер доживеа несреќа на новогодишната ноќ, бидејќи се обиде да го контролира плугот кој беше надвор од контрола и притоа да го спаси својот внук да не се повреди. Тој бил примен во болница со тешки повреди и бил во критична состојба. Подоцна на социјалните мрежи откри дека плугот му скршил 30 коски и дека бил подложен на неколку операции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img