More

    Груби вели дека министрите се желни за резултати

    spot_img

    Не гледам ништо неморално, коментарите не се долични. Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за се и сешто, реагира првиот вицепремиер Артан Груби во врска со фотографиите и видеото кои ги објави попладнево, како со упте пет министри од партијата играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата.

    – Нема ништо спорно во тоа што игравме фудбал во канцеларијата, пораката беше дека сме одличен тим, дека сме многу сложни заедно, дека сме полетни и желни за резултати, дека само што сме започнале со работа. Не беше во работно време, но и да беше.Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе првпат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракомет,… Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутираваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно – објасни Груби во вечерашното гостување на 24 Телевизија.

    Тој вели дека во сегашната опозиција нема некој кој е доволно фраер за да игра фудбал.

    Во врска со синиќешното двојно убиство во Скопје, Груби истакна дека нема повеќе информации и не ги знаел жртвите.

    – Не ги знам жртвите, ниту сум ги сретнал. Страшно е тоа што се случи. Апсолутно е неприфатливо и ги осудувам најостро ваквите криминални дела. Ги охрабрувам МВР и обвинителството да ги најде извршителите. – рече тој за 24 Анализа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img