Првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби, попладнево објави статус на Фејсбук со скокотлива содржина, притоа покажувајќи како со своите петмина колеги – министри од ДУИ играат со топка во неговиот владин кабинет.
Кабинетот е опремен со сите реквизити за релаксација, налик на модерно опремените работни простории на светски компании.
„Дрим тим. По еден процес и долг и предизвикувачки ден, антистрес забава за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден“, напиша Груби.
Тимот го сочинуваат Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини.