More

    Инфлацијата и во февруари држи темпо

    spot_img

    Инфлацијата во земјава и понатаму држи темпо и е двоцифрена, иако се забележува благо опаѓање на стапката во месец февруари во споредба со месец јануари годинава.

    Како што објави Државниот завод за статистика, измерени се 16,7 отсто инфлација во февруари во споредба со истиот месец лани. За споредба, во јануари стапката изнесуваше 17,1 отсто на годишно ниво.

    Според ДЗС, храната и пијалоците поскапеле за 25,3 проценти, и тука е најголемиот раст.

    Високи 20,6 отсто има раст на цените кај рестораните и хотелите од 20,6 отсто.

    Потоа следуваат мебелот, покуќнината, одржувањето на домаќинствата, каде стапката е 17,8 отсто.

    Транспортот пак е поскап за 8,8 проценти со споредба со минатата година истиот месец.

    „Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај пивото за 5,8 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4,9 проценти, кафето, чајот, какаото за 2,3 отсто, жестоките пијалаци за 1,4 проценти, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1,3 отсто, лебот и житата за 1,2 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, виното за 0, 9 отсто и месото за 0,7 проценти“, се наведува во извештајот на ДЗС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img