Русија мора да ги повлече војниците од Придњестровје, бидејќи игра значајна улога во овој регион, изјави претседателката на Молдавија, Маја Санду.
– Русија има значајна улога во конфликтот во Придњестровје, од нејзиниот почеток па се до тоа што се случува денеска. Бараме од вас да ја повлечете руската војска и да ја ликвидирате муницијата во складиштата на левиот брег – појасни Санду.Таа наведе дека Русија испровоцирала вооружен конфликт во Придњестровје, со тоа што таму пратила „свои луѓе“ во 1992 година.
Санду зборува за „потполно повлекување“ на руските војници од регионот, уште од почетокот на својот мандат.