More

    Ковачевски тврди дека не се водат преговори со други партии за влез во Владата

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во моментов нема разговори за влез на друга партија во владејачката коалиција.

    – Такви разговори нема во моментов, меѓутоа јас и во моето експозе при изборот на новите министри и заменици, кажав дека оваа Влада останува отворена за сите политички партии и поединци и организации кои сакаат да се приклучат на „Европскиот сојуз“, а кои сакаат да учествуваат во носење одлуки кои значат побрзо зачленување во ЕУ и носење побрзо и поефикасно на реформските закони за сите значајни области во Собранието – рече Ковачевски.Доколку која било партија оцени врз основа на своите определби и визија и одлуки дека сака да биде дел од оваа Влада, тогаш вратата ѝ е отворена, додаде тој.

    Премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека има партии кои декларативно се „за“ влез во Европската Унија или НАТО, но не поддржале ниту една одлука поврзана со нашето зачленување во нив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img