More

    Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти

    spot_img

    Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 77 денари  за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС останува 41,266 денари за килограм.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,301 отсто, кај дизелот за 3,867, кај екстра лесното масло за 1,667 и кај мазутот за 1,424 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е повисок за 0,075 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img