More

    Тридневна жалост во Грција, 24-часовен протест на железничарите

    spot_img

    Грција прогласи тридневна жалост поради најтешката железничка несреќа во последните неколку децении. Најмалку 43 лица загинаа, а 130 се повредени кога патнички воз на линијата Атина-Солун се судри со товарен воз, во близина на градот Лариса, во централна Грција. Министерот за транспорт поднесе оставка, а началникот на железничката станица е уапсен. Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека сè укажува на човечка грешка. Во Грција денеска нема да сообраќаат возови поради протестот на железничарите.Спасувачките екипи се уште се на терен и ги пребаруваат вагоните, бидејќи се стравува дека во составот се уште има повредени и мртви.

    Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис поднесе оставка. Тој изјави дека поднесува оставка бидејќи тоа е најмалку што може да направи за да им оддаде почит на жртвите.

    Уапсен е шефот на железничката станица во Лариса, а се смета дека тој ја сноси најголемата одговорност за несреќата.

    Претседателот на Грчките железници, Костас Генидуниас изјави дека на релација Атина-Солун не работат ниту семафори, сијалички, ниту контрола на сообраќајот и дека се се прави рачно.

    „Да работеше, машиновозачите ќе го видеа црвениот сигнал и возовите ќе застанат на 500 метри еден од друг“, рече Генидунијас, истакнувајќи дека работниците неколкупати протестирале за ова.

    Во писмото од 7 февруари, грчкиот синдикат на железничари укажа на бројни проблеми во грчката железница. Наведоа дека „додека не се преземат заштитни мерки на работните места и безбедно функционирање и сообраќај на возовите, нема да има крај на несреќите“.

    Пред седиштето на Грчката железница во Атина, околу илјада демонстранти протестираа поради сударот на возот. Дошло и до конфликт со полицијата.

    Возовите денеска нема да сообраќаат во Грција, откако Панхеленската федерација на железничарите (ПОС) одлучи да стапи во 24-часовен штрајк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img