More

    Украинците пронајдоа руски шпион меѓу своите војници: Предавникот и се предаде на ФСБ

    spot_img

    Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека мажот бил уапсен во Миколаив, јужна Украина, откако било откриено дека собирал разузнавачки информации за Русија, пишува Sky News.

    Тие тврдат дека шпионот имал задача да пренесе информации за распоредувањето на украинските одбранбени сили и локациите на базите со оружје и муниција што Русија би ги таргетирала во ракетните напади.

    Контраразузнавачите го разоткриле рускиот агент пред тој да пренесе каква било информација. „Предавникот самоиницијативно се појави во ФСБ (Руската служба за безбедност) и ја понуди својата помош во војната против Украина“, објави Службата за безбедност на Украина во објава на Телеграма.

    При претрес на куќата на шпионот бил пронајден мобилен телефон со кореспонденција со Русија, како и оружје и муниција, кои биле испратени на вештачење. Тој е приведен и обвинет за предавство извршено за време на воена состојба.

    „Во тек е предистражна постапка за да се идентификуваат сите лица вклучени во непријателски разузнавачки и субверзивни активности“, додаде украинската безбедносна служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img