More

    Над 100 работници во тешка состојба се пренесени во болница по несреќата во фабриката „Магна“ во Алексинац, кога биле затруени од хемиски испарувања

    spot_img

    Над 100 работници во тешка состојба се пренесени во болница по несреќата во фабриката „Магна“ во Алексинац, кога биле затруени од хемиски испарувања.

    Директорот на болницата во Алексинац откри во каква состојба се работниците во фабриката „Магна“.
    -Синоќа после 19 часот беа донесени 104 затруени пациенти, од кои 51 од итната медицинска помош во болницата во Алексинац на интерното одделение -изјави д-р Горан Видиќ, директор на Општата болница во Алексинацво врска со масовното труење што се случи во фабриката „Магна“, пренесува Блиц.

    Тој објаснува дека од 51 лице, четворица се задржани на лекување во Алексинац, а четворица се упатени во нишкиот клинички центар.

    – Пациентите кои се во нашата болница, сите се стабилни, нивните животи не се во опасност. Се очекува денеска да бидат пуштени дома, откако ќе бидат направени дополнителни испитувања. Што се однесува до пациентите кои се наоѓаат во нишкиот клинички Центар имам информации дека се во стабилна здравствена состојба и дека исто така денеска ќе бидат пуштени дома. Најважно е да нема жртви и да нема тешко затруени.Четири пациенти се во болницата во Алексинац, имавме уште седум-осум пациенти кои примиле терапија, но веднаш биле пуштени дома – вели д-р Видиќ.

    Видиќ наведува дека сите пациенти кои настрадале во фабриката „Магна“ имале симптоми на труење.

    – Сите имале симптоми на труење на респираторниот систем. Имаме неофицијални информации дека се работи за испарување на лепилото бидејќи во фирмата „Магна“ работеле со тоа. Оние кои имаа малку потешка клиничка слика, каде што имаше пад на заситеноста со кислород, пад на напнатоста, ги задржавме кај нас и ги испративме во Ниш. Губеа свест, немаме точна бројка, се уште во фабрика, но сите дојдоа во свесна состојба. Никој не дојде во животно загрозувачка ситуација – појасни доктор Видиќ.

    Утрово полицајци и пожарникари се пред фабриката во која се случи масовното труење. На вратата од објектот каде што се случило труењето има полициска лента, а вратата е отворена. Полицаец дежура пред зградата, во фабриката нема работници, пренесуваат српските медиуми.

    фото: Мондо

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img