Застрашувачките снимки се појавија само неколку минути откако утрово товарен воз директно се судри со патничкиот воз „Inter City 62“ кој превезуваше речиси 350 патници во долината Темпи, кај Лариса.
Видео снимките се направени само неколку минути, можеби и секунди по страшниот судир на двата воза. Патниците, беа во шок, пред да разберат што се случило, па тие се најдоа меѓу шутот, скршеното стакло и искривениот лим кој буквално стана безоблична маса од железо.
До нив се запалија првите вагони од двата воза. Патниците врескајќи ги повикуваат сопатниците да се оддалечат: „Сите надвор, гори!“.
Во вагоните кои гореа речиси два часа, до 1.30 часот во средата наутро, според надлежните од Противпожарната служба, развиле температури кои надминале 1.200 Целзиусови степени.
Во пеколната сцена, патниците кои бегаат од вагонот низ дупки или скршени прозорци ги повикале своите сопатници да си заминат. „Сите надвор!“ се слуша повик кој е снимен од еден од патниците.
За да се уверат дека сите што можат да заминат ги напуштиле вагоните, патниците постојано викаат: „Има ли некој во возот?“. Тоа е момент на неискажлива трагедија кога спонтано се појавува хуманоста, солидарноста и грижата за непознат сограѓанин и сопатник.