More

    Дехари падна и заработи тешка повреда на коленото

    spot_img

    Лоши вести пристигнуваат од Пекинг, откако македонскиот олимпиец Дардан Дехари за време на подготовките за настап на Зимските олимписки игри на тренинг ги скинал лигаментите на коленото.

    Македонскиот олимписки комитет (МОК) преку социјалните мрежи испрати соопштение со кое ја информираше јавноста за повредата на Дехари.

    – На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна при што тешко го повреди десното колено. По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран. Да му посакаме на Дардан успешно закрепнување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени – соопштија од МОК.

    Да потсетиме дека Дардан Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отворање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 Февруари.

    Ова значи дека за македонските спортисти остануваат само уште два настани, настапи до крајот на ЗОИ и тоа Ставре Јада кој ќе „вози“ на 50 километри слободно на 19 и Ана Цветановска која на 10 ја очекува битка на 10 километри класично.

    Инаку македонскиот нордиец Ставре Јада го освои 86. место на спринт трката на Зимските олимписки игри во Пекинг.

    Во првиот од двата настапа на овие Игри, Јада ја истрча делницата од еден и пол километри за три минути, 29 секунди и 13 стотинки и само двајца учесници имаа послабо време од него. Јада имаше заостаток од 44 секунди во однос на првопласираниот во квалификациите Лукас Шанава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img