More

    Легендарната актерка Џејми Ли Кертис се погрижила нејзиното присуство на доделувањето на наградите САГ да остане запаметено

    spot_img

    Легендарната актерка Џејми Ли Кертис се погрижила нејзиното присуство на доделувањето на наградите САГ да остане запаметено.

    Џејми за оваа церемонија се одлучила за црвен долг фустан со длабоко деколте кое ги пленело погледите на присутните.

    Од почетокот на кариерата, Ли Кертис ја следи статус на секс-симбол, а таа ја оправда оваа титула токму со ова модно издание. Фустанот кој го носела исто така го нагласил и нејзиното обликувано тело.

    Но, Џејми не го привлече вниманието само со нејзиниот стајлинг туку и со страсниот бакнеж кој го размени со колешката Мишел Јео.

    Актерката освои две награди на доделувањето, за најдобра споредна актерка како и награда за најдобра актерска екипа, за филмот „Everything Everywhere All At Once“.

    Џејми била преплавена од емоции откако ја прогласија за најдобра споредна актерка, а откако било прочитано нејзиното име, таа во занес ја „зграпчила“ колешката Мишел Јео и ја бакнала во уста.

     

    Во текот на примањето на наградата, актерката одржала и победнички говор кој исто така остави впечаток.

    „Ја носам бурмата која мојот татко ѝ ја подари на мојата мајка, патем се мразеа на крајот, но јас и сестра ми Кели сме родени од љубов. Мојот татко беше од Унгарија, а мојата мајка од Данска и тие немаа ништо, но станаа монструозни ѕвезди во оваа индустрија која толку многу ја сакаа“, изјавила Ли Кертис.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img