More

    Познат американски професор ги спореди двете војни

    spot_img

    Значењето и лекциите од Виетнамската војна доста ни кажуваат како Вашингтон ќе се откаже од својата прокси војна со Русија во Украина, а потоа како тоа ќе му го продаде на американскиот народ, пишува за Скај Њуз Џозеф М. Сиракуза, професор и декан на Универзитетот Кетрин. Според него, САД не извлекле поуки од историјата.

    Во статијата професорот ги споредува грешките на САД во Виетнам со состојбата во Украина и опишува како во времето на војната во Виетнам високите американски челници морале да се правдаат пред граѓаните.

    „Една работа за Виетнамската војна остана константна: ниту еден политичар, креатор на политика или аналитичар никогаш сериозно не тврдел дека САД можеле да ја добијат Виетнамската војна. Меѓутоа, тие во тоа време – и оттогаш – понудија огромен број причини зошто е тоа така“, објаснува Сиракуза во текстот и дава цитати од тогашните високи политичари како Линдон Б. Џонсон и други.

    А потоа заклучува:

    „При повлекувањето од Украина ќе го имаме истото чувство на жалење – тоа чувство дека Америка е претерано посветена на војна во која не ѝ е работа да победи – како заклучок кој доаѓа од борбената улога на САД во југоисточна Азија“.

    Кога Американците излегоа од Виетнам? Пред 50 години, кога на Париската мировна конференција се согласија да ги повлечат сите војници и советници.

    „Тоа е инхерентно значајно, бидејќи, дотогаш, тоа повлекување беше најголемата катастрофа во историјата на американската надворешна политика. Загубата на богатство и на човечки животи беше без преседан“, пишува Сиракуза.

    Во Виетнам загинале 350.000 Американци од кои 40.000 биле убиени во борба. Виетнамските жртви достигнуваат 2 милиони. Неуспехот на САД во Виетнам бил толку голем што еден новинар, познатиот Волтер Липман, во 1970 напишал:

    „Тука сме, околу 200 милиони од нас, со најголемото вооружување што која било земја некогаш го поседувала, а тука се и Виетнамците, околу 20 милиони од нив, со примитивен индустриски систем. Не успеавме да ги натераме да го прават она што ние сакаме да го прават“.

    Дали кога Американците си отидоа од Авганистан и од други земји тие извршија предавство на своите „сојузници“? Квинси институтот за одговорни државници во САД е на слично мислење со професорот Сиракуза.

    Според пензионираниот генерал на Маринскиот корпус, Френк Мекензи, пак, повлекувањето на Соединетите Држави од Авганистан ја „оштети“ позицијата на земјата на меѓународно ниво, при што тамошните граѓани сега мислат дека САД се „слаби, безгрижни и земја на која не треба да ѝ се верува“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img