Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 344 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 155 санкции, 36 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.