При акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје, полицијата во текот на ноќта приведе едно лице кое се барало по три потерници, затекнале пет малолетни лица на кои им се точел алкохол, а во еден од објектите бил пронајден кокаин.
-Во текот на изминатата вечер во периодот од 23 до 4 часот полициски службеници од СВР Скопје заедно со Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје. При контролата приведен е Д.К. кој се барал по три потерници. Затекнати се пет малолетни лица, а во еден од објектите бил пронајден кокаин, соопшти МВР.
Констатирано е кривично дело по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, како и присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ. Констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење.
фото: МИА