„Поради минатогодишниот инцидент, ги отворивме нашите умови за многу работи што би можеле да се случат на Оскарите“, изјави Бил Крамер, извршен директор на Академијата.
Академијата за филмски уметности и науки одлучи да формира кризен тим откако актерот Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок на минатогодишното доделување на Оскарите.
Според извештаите, кризниот тим ќе биде задолжен само за вонредни ситуации.„Поради минатогодишниот инцидент, ги отворивме нашите умови за многу работи што може да се случат на Оскарите. Имаме цел кризен тим, нешто што досега не сме го имале и многу планови за различни можни сценарија. Се надеваме дека тимот ќе биде подготвен на се во случај нешто да се случи“, изјави за „Тајм“ Бил Крамер, извршен директор на Академијата, а пренесува „Индекс.хр“.
Инаку, познато е и кој ќе биде водител на овогодинешните Оскари. Тоа е познатиот водител Џими Кимел, кој веќе се најде во оваа улога, во 2017 и 2018 година.
„Кимел е некој кој е навикнат на се што доаѓа со телевизијата во живо и е свесен дека работите не одат секогаш според планот. Кимел е водител кој знае како да се справи со тие ситуации“, рекол Бил Крамер.
Овогодинешното доделување на Оскарите ќе се одржи на 13мар т во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.