More

    8.000 војници ќе бидат испратени низ Европа, вклучително и во Македонија

    spot_img

    Британските трупи се подготвуваат за едно од нивните најголеми распоредувања во Европа од Студената војна, соопшти тамошното Министерство за одбрана. Илјадници војници на Обединетото Кралство ќе бидат испратени од Македонија па до Балтикот во наредните месеци за да учествуваат во заеднички вежби со нивните колеги од НАТО, Финска и Шведска, пишува РТ.

    Се очекува дека распоредувањето ќе достигне максимум од околу 8.000 војници меѓу април и јуни. Десетици британски тенкови и повеќе од стотина оклопни возила исто така летово ќе пристигнат во Европа.

    Плановите за големото распоредување се работеа подолго време, но тие беа зајакнати по руската воена операција во Украина, соопшти Министерството за одбрана. Претстојните воени вежби имаат за цел „да го покажат обемот и значењето на придонесот на британската армија во одбраната на Европа“, се додава.

    Вежбите ќе бидат „фундаментални“ за придонесот на Велика Британија во европската одбрана и во одвраќањето на Русија, истакнува командантот на теренската армија, генерал-полковник Ралф Вудис.

    – Големината на распоредувањето, заедно со професионалноста, обуката и агилноста на британската армија, ќе ја одвратат агресијата од размери што не се видени во Европа овој век – рече тој.

    Британските војници, во моментов, тренираат заедно со американските сили во Полска, соопшти МО. Исто така, Министерството објави дека војниците од кралските хусари на кралицата Елизабета штотуку се распоредени во Финска, земјата која дели 1.300 километри долга граница со Русија, за да бидат вградени во оклопната бригада.

    Обединетото Кралство се етаблира како еден од главните поддржувачи и добавувачи на оружје на Украина во услови на тековниот конфликт со Русија. Лондон веќе испрати противтенковски и противвоздушни ракетни системи, а меѓу другото испраќа и оклопни возила во Киев. Украинските војници, исто така, добиваат обука од британската армија и на домашно тло и во Велика Британија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img