Во текот на вчерашниот ден (12.10.2023) во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за Униформирана полиција, Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Штип за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 73 возачи, од кои 20 за возење без возачка дозвола, четири за возење со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.
Изречени се четири мерки за возење без лекарско уверение при вршење на јавен превоз, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет санкции за возење под дејство на алкохол…
Изречени се четири мерки за возење без лекарско уверение при вршење на јавен превоз, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет санкции за возење под дејство на алкохол…
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.