7 и 8 јануари се неработни денови за сите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Продавниците сепак, нема да работат за божикните празници иако имаше препорака недела и понеделник да бидат работни за трговците на мало. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека Владата на денешната 216-та седница ја променила препораката за работа во недела и за време на божикните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница.

„Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија.

Владата на денешната седница одлучи да престане да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божикните празници“ – стои во известувањето од Министерството за труд и социјална политика.

Share This Article