Снаата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе биде новата амбасадорка на САД во Грција, јави Ројтерс. Кимберли Гилфојл е свршена за неговиот син, Трамп помладиот од декември 2020 година. Таа е поранешна водителка на Фокс Њуз.
Трамп на социјалните мрежи објави дека Гилфолј долги години му е блиска пријателка и сојузник и дека е „совршено квалификувана“ да ги подобри односите меѓу САД и Грција, со фокус на тоа области како што се одбранбената соработка, трговијата и економските иновации.
Гилфојл има 54 години и не е единствената назначена на позиција што има семејни врски со Трамп.
Во ноември, Трамп ги објави плановите да го номинира Чарлс Кушнер, таткото на неговиот зет Џаред, за амбасадор во Франција, и да го номинира Масад Боулс, свекорот на неговата помлада ќерка Тифани, за советник за Блискиот Исток.
Трамп го избра и својот долгогодишен пријател Том Барак за амбасадор во Турција.