Горан Иванов е назначен за нов директор на Финансиската полиција на денешната владина седница.
Иванов е вработен во Управата за финансиска полиција како инспектор и денеска е назначен за вршител на должност.
На доскорешниот директор Арафат Муареми му е истечен мандатот во февруари, но потоа уште 6 месеци ја извршуваше функцијата како в.д..
Муареми се повлече по судирот со обвинителката Вилма Русковска и по претресот којшто го изврши Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во Управата за финансиска полиција и во неговиот кабинет.