Малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,00 денар од литар. Цената на Еуродизел (Д-Е V) не се менува, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 88,50 денари, Еуросупер БС – 98 за 91,00, Еуродизел БС (Д-Е V) за 90,00, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 86,50 денари.