Полицијата во Струмица уапсила 37-годишен струмичанец кој заедно со тројца малолетници нападнале маж и жена во нивниот дом и им нанеле повреди.
„На 17.06.2024 во 00.10 часот во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода Е.М.(37) од Струмица. Тој се сомничи дека на 16.06.2024 околу 21.00 часот со тројца малолетници физички ги нападнале Е.И.(23) и неговата сопруга во нивниот дом, при што Е.М. со остар предмет му нанел повреда на Е.И.. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од МВР.