Најмалку 29 Палестинци загинаа додека чекаа помош во два одделни израелски напади во Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство под контрола на Хамас.
Во првиот инцидент, според извештајот на Хамас, 8 лица биле убиени во воздушен напад што се случил вчера врз центар за дистрибуција на помош во кампот Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа.
Во друг напад, најмалку 21 лице загина, а повеќе од 150 се ранети. Овој напад, според Хамас, бил изведен синоќа врз Палестинците кои чекале ред за помош на кружниот тек Кувајт во Газа.
Кружниот тек Кувајт и претходно беше цел на напади врз Палестинците кои чекаа ред за хуманитарна помош.