More

    28-годишникот имал извршители во Македонија, Турција, Бугарија, Србија, Унгарија…

    spot_img

    Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Ј.(28), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти” и „криумчарење на мигранти” – информира МВР во својот билтен.
    „А.Ј., кој во моментот издржува затворска казна во казнено-поправна установа во Сојузна Република Германија, во периодот од август 2021 година до мај 2023 година, во координација со криминални групи кои делувале на територија на Република Турција, Република Бугарија, Република Србија и Република Унгарија планирал и ја договарал бројката на мигранти од Блискиот Исток кои ќе бидат пренесени од Република Турција или Република Грција кон земјите на ЕУ. Исто така, во периодот од април до октомври 2022 година, преку други лица, преку услуга за брз трансфер на пари извршил повеќе трансфери на парични средства во вкупен износ од 6.670 евра кон две лица, кои се претходно пријавени како членови на сузбиена криминална група во 2023 година“ – се вели во билтенот на МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img