More

    21-годишно момче загина при судар на камион и две возила

    spot_img

    21-годишен прилепчанец го загуби животот во сообраќајната несреќа која се случила вчера на излез од Прилеп во која учествувале две возила и еден камион.

    Според информациите од МВР со повреди во прилепската болница биле пренесени возачот на камионот и неговиот сопатник.

    „На 08.07.2024 во 15.48 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, на излез од Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5″ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган” со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен. На местото на несреќата од здобиените повреди починал С.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Возачот на товарното возило К.И. и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп“, информираат од МВР.

    Оттаму додаваат дека извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

    Поради несреќата сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола беше во прекин неколку часа, а полицијата возилата ги пренасочуваше по стариот пат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img