18-годишна студентка на шкотскиот универзитет Абердин и нејзината мајка ќе отпатуваат во вселената оваа недела, откако на лотарија освоија место на вториот комерцијален лет на Вирџин Галактија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

18-годишна студентка на шкотскиот универзитет Абердин и нејзината мајка ќе отпатуваат во вселената оваа недела, откако на лотарија освоија место на вториот комерцијален лет на Вирџин Галактија.

Анастатија Мајерс и нејзината мајка Кеиша Шахаф ќе бидат првите мајка и ќерка кои летаат во вселената. Тие, исто така, ќе бидат првите луѓе од Карибите кои ќе тргнат на тој пат. Полетувањето е во четврток од Ново Мексико.

Кеиша била на пат за Велика Британија за да и договори виза за студирање на нејзината ќерка, а на летот од Антигва до Лондон одеднаш видела оглас за наградно патување во вселената.

– Ја пополнив наградната ждрепка и потоа одеднаш, неколку месеци подоцна, добивам дописи во кои пишува „ти си меѓу избраните 20 финалисти“, потоа меѓу првите пет и на крајот дека јас сум победничката. И, одеднаш, кој влегува во мојот двор? Ричард Бренсон! Целиот тим само упадна во мојата куќа велејќи „ти си победникот, ќе одиш во вселената“ – раскажува Кеиша Шахаф.

Анастатија вели дека нејзината одлука да патува од Карибите за да студира во Шкотска довела до можност да оди во вселената.

– Да не го избрав по случаен избор Универзитетот во Абердин и да не моравме да направиме огромно заобиколување за да ја добиеме мојата виза – немаше да одиме во вселената – вели таа.

Студентката која студира филозофија и физика,  вели дека одењето да студира во Шкотска било една од најголемите одлуки во нејзиниот живот, но за неа донело и многу други прекрасни работи.

Мисијата, наречена Галактик 02, е вториот комерцијален лет на Вирџин Галактика во вселената и прв со клиенти кои плаќаат. Огласената цена беше 450.000 долари.

Мисијата Галактик 01 беше спроведена во јуни и достигна височина од 85 километри. Се смета дека втора мисија ќе се обиде да го следи истиот пат.

- Advertisement -
Ad image

Анастатија, која ќе биде втората најмлада личност која ќе отиде во вселената, вели дека се надева дека може да го искористи искуството за да ги инспирира другите.

– За  мене и мојата ќерка заедно, тоа е повеќе од остварување на сонот – вели Кеиша.

Share This Article