17-годишен Австриец со турско потекло е уапсен под сомнение дека бил член на терористичка група и планирал терористички напад во Виена.
Активностите на момчето долго време биле следени од австриската служба за заштита на Уставот и борба против тероризмот. Така, било утврдено дека 17-годишникот во групен разговор на Интернет изразил конкретни планови за терористички напад во Виена. Тој, исто така, споделил фотографија на која држи борбен нож во едната рака, а другата му е подигната во знак на поздравот на исламистичката терористичка група ИСИЛ.
Австриските медиуми наведуваат дека тој пред истражителите признал дека го планирал нападот, сметајќи на сопствената смрт. Тој, наводно, навел атентатори од Виена, Берлин и Франција како свој пример.
По претсресот на домот во кој тинејџерот живеел со своите родители во виенскиот станбен кварт Фаворитен, специјалните полициски единици пронашле шаблони со лого на ИСИЛ, борбен нож и разни носачи на податоци.
Медиумите јавуваат дека 17-годишниот терорист, кој на истражителите им рекол дека е строг исламски верник, бил уапсен во Виена пред пет дена.