More

    160 до 180 кафеави мечки, наместо 70, колку што би требало да ги има, прават зулуми на територијата на општината Маврово и Ростуше

    spot_img

    160 до 180 кафеави мечки, наместо 70, колку што би требало да ги има, прават зулуми на територијата на општината Маврово и Ростуше. Податокот потекнува од Националниот парк Маврово.

    Вчера, на вонредна седница, Советот на општина Маврово и Ростуше ја задолжил Општината да поднесе барање до Владата за прогласување кризна состојба поради големиот број мечки, кои претставуваат опасност за животот и за имотот на жителите.

    – Општина Маврово и Ростуше ги презеде сите активности и мерки што се во нејзина надлежност, со цел да ги заштити своите граѓани. Ги повикуваме Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, НП Маврово, ЦУК и сите други институции што се надлежни за решавање на овој голем проблем со мечките и со дивите свињи, да се стават во функција за што поскоро решавање, со што ќе ја вратиме безбедноста на нашите граѓани – наведуваат од Општината.

    Мечките во Македонија се заштитен вид. Забрана за лов постои од 1996 година, кога е евидентирано нагло опаѓање на бројот на примероци од ова животно. Википедија оперира со вкупна бројка од околу 160 мечки во Македонија, во националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер и во околината на резерватот Јасен. Но, ако се точни најновите податоци на Националниот парк Маврово, вкупната бројка на примероци од овој вид веројатно неколкукратно ја надминува оваа бројка.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img