16-месечно бебе од Струга со тешки повреди било пренесено во Скопје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шеснаесет месечното дете со хематом на главата, скршеници на градите и по телото е на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Директорката на Клиниката, Славица Литајковска, за Канал 5 вели дека во моментот е во стабилна состојба, но го чека операција на левата надлактица, закажана за утре.

– Има скршеница на левата надлактица и закажана е операција за утре. Има скршеници на градите и постојано ја следиме неговата состојба. Направени се сите иследувања, како комјутерски снимања, така и сите потребни прегледи. На интензивна нега е – вели директорката Литајковска.

Вчера околу 11 часот во охридската полиција било пријавено дека во болницата „Свети Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга, информира МВР.

Полицијата не соопшти повеќе информации околу видот на повредите што ги имало детето и како се повредило, туку само кусо наведоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share This Article