Околу 150.000 луѓе се собраа денеска во центарот на Берлин, пред Рајхстагот и извикуваа антифашистички пароли насочени против екстремната десница.
Демонстрантите во Берлин формираа човечки синџир, а слични собири беа организирани низ цела Германија.
Плоштадот пред Рајхстагот, каде што се наоѓа седиштето на владата во Берлин, како и околните зелени површини, среде бел ден беа преполни со луѓе.
Толпата извикуваше – „Сите заедно против фашизмот“, „Срцето наместо омраза“, „Расизмот не е алтернатива“ и „Слобода и еднаквост, долу АфД“, алудирајќи на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД). која стана многу популарна во последно време.
Собирот, поголем од очекуваното, прекина кон крајот на попладневните часови.
Планираните 200 собири во земјата сведочат за јавното незадоволство по откритието објавено на 10 јануари, дека во ноември во Потсдам во близина на Берлин се одржал собир на екстремисти, каде тие разговараа и се договорија за протерување на странците од Германија.
АфД, во контекст на инфлацијата и економското забавување, добива на популарност на анкетите, неколку месеци пред важните регионални избори на истокот од земјата.
Собирот го организираше движењето „Рака за рака“ кое собира околу 1.800 организации.