More

    15 отсто од смртноста отпаѓа на аерозагадувањето

    spot_img

    Од ефектите на аерозагадувањето во Битола, утврдивме дека 15 отсто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето, изјави професорот д-р Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје на меѓународна конференција во Битола.

    Според Ѓоргев, потребни се конкретни мерки затоа што новите препораки за заштита од аерозагадување на Светската здравствена организација се построги.

    -Од ефектите на аерозагадувањето во Битола, утврдивме дека 15 отсто од смртноста кај населението се должи на аерозагадувањето. Тоа значи 15 отсто надминување на лимитот кој го дава Светската здравствена организација-СЗО, додека нешто помал е лимитот што се надминува утврден од Европската унија. Мерењето на овие проценти се врши затоа што тоа се случаи кои може да се спречат. Со акции можеме да спасиме животи и затоа потребна е мотивација за еко акции кои не треба да ги организираат само политичарите, туку и граѓаните, стопанските објекти, интерскторско организирање на акции кои ги има во планот на овој проект, треба да се знае дека новите препораки на СЗО се уште построги и затоа аерозагадувањето треба да биде приоритет број еден што треба да се решава, без оглед на други проблеми во заедницата, посочи Ѓоргиев.

    На завршната конференција во Битола, професорот Ѓоргев предочи дека со аерозагадувањето најмногу се напаѓаат белите дробови и затоа има респираторни болести, но студиите покажуваат дека скоро и да нема орган кај човекот кој не страда од аерозагадување.

    – Влегувајќи во крвотокот честичките ги оштетуваат крвните садови, предизвикуваат исхемични болести, срцев удар, дијабет…односно аерозагадувањето предизвикува пореметување на регулаторните механизми во организмот, а со тоа страда цел организам. Најчест извор на загадување – рече Ѓоргев и понатаму е греењето кое мора сериозно да се ресетира без крпење-лепење и хаотичниот сообраќај да се стабилизира со што аерозагадувањето може да се намали до 50 отсто.

    Резултатите од проектот ги следеше и Христина Оџаклиеска, заменик министер во Министерството за животна средина и просторно планирање и најави активности за подобрување на капацитетите на општините и јакнење на институционалната соработка на локално и централно ниво.

    – Загадувањето на воздухот претставува сериозен проблем со кој посебно се соочуваат поголемите градови во земјава. Непоходна е координирана соработка меѓу сите релевантни фактори во општеството за да може да се видат промени на состојбите на терен. Очекувам од овој проект подобрување на состојбите во животната средина, посебно на квалитетот на воздухот, а оваа активност треба да биде континуирана за да со тек на време видиме и подобри резултати. Подобрувањето на капацитетите на општините и соработката на локално и централно ниво несомнено треба да даде резултати – нагласи заменик министерката во МЖСПП, Оџаклиеска.

    На меѓународната конференција се обратија замениците градоначалници на Битола и Лерин, Филип Стојановски од Центарот за климатски промени, универзитетскиот професор Дејан Мираковски и други експерти вклучени во проектот поддржан од ЕУ. 

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img