14-годишен тинејџер се здоби со тешки повреди откако го гризна ајкула додека вежбаше во камп за спасувачи во Флорида, САД, пренесува Си-Би-Ес Њус.
Нападот се случи во близина на спасувачката кула Понсе Инлет додека тинејџерот вежбаше да влегува во вода.
Поради степенот на повредите, тинејџерот беше итно пренесен во болница.
Нападот се случи само неколку дена по неколку одвоени инциденти на плажа во градот Њу Смирна Бич, кога ајкула гризна 26-годишен маж за нога, а 21-годишен маж беше нападнат додека играше фудбал во плитко. Пред неколку дена, ајкула во Тексас нападна и жена која пливаше во плитко.