More

    13-годишно момче најдено со пресечен врат

    spot_img

    Меѓусебна расправија и тепачка на двајца малолетници во околината на Ниш, во Србија, завршила со смртни последици. Убиено е 13-годишно момче е убиено, а неговото тело со видливи повреди и со расекотина на вратот е најдено на поткровјето во куќа во Нишка Бања. Додека друго момче со хематом на главата е пренесено во нишката болница, дознава Блиц.

    Очевидци тврдат дека ги виделе децата како се расправаат на улица, по што се случило злосторството, пренесуваат српските медиуми.

    Според информациите во медиумите, злосторството се случило на поткровјето од куќата во која е најден убиениот малолетник.

    – Граѓаните го пронашле второто момче како се тетерави пред куќата и повикале полиција. Тоа момче било однесено во болница. Пронајден е нож – вели изворот на „Блица“.

    Постои сомнение дека повреденото момче го убил својот врсник.

    Убиството во Нишка Бања е откриено денеска околу 11 часот. Итната помош интервенирала со две екипи, поради дојава дека имало тепачка, но по пристигнувањето на местото на настанот, за жал, лекарите само можеле да констатираат смрт на еден малолетник, додека другиот бил пренесен во УЧКС Ниш.

    Полицијата и официјално потврди дека едното дете е пронајдено без знаци на живот, а другото е пренесено во Универзитетската болница Ниш и дека се работи на утврдување на сите околности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img