Џо Бајден заминува во Полска

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По самитот на лидерите во Брисел, чија цел беше да се покаже дека Западот е обединет против Русија, Џо Бајден заминува во Полска за да се договори за планот за бегалците.За време на неговата посета, американскиот претседател ќе се сретне со претседателот Анджеј Дуда за да му се заблагодари за сè што прави полскиот народ и ќе разговара за координиран хуманитарен одговор, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Бајден утрово ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и се очекува да објави план за испорака на огромни количини течен гас за да се намали зависноста на Европа од руската енергија. После тоа ќе замине за Полска.

Бајден вчера рече дека неговата амбиција е да обезбеди целосно единство на демократските земји кои се соочуваат со се помоќни автократии. „Мојата амбиција е да се обезбеди целосно, целосно единство на демократиите против се помоќните автократии“, рече Бајден, присуствувајќи на самитот на лидерите на ЕУ на кој беше поканет како гостин.

Пред тоа, тој учествуваше на самитот на лидерите на НАТО и Г7.

Тој посочи дека крајната цел на рускиот претседател Владимир Путин „од самиот почеток беше распадот на НАТО“. „Неговата главна цел е да покаже дека демократиите не можат да функционираат во 21 век и дека ќе владеат автократии“, рече тој.

На самитот Бајден разговараше со европските лидери за дополнителни санкции против Русија и односите со Кина, која одби да ја осуди руската агресија врз Украина.

Share This Article