More

    Џони Деп и Амбер Херд се спогодиле, еве колку ќе му плати на актерот

    spot_img

    Поранешната холивудска двојка Амбер Херд и Џони Деп, наводно, го завршиле својот спор со конечно решавање на тужбата за клевета. Како што тврди „Дејли мејл“, адвокатите постигнале договор според кој осигурителната компанија на Херд ќе му плати на Деп милион долари за да стави крај на овој долгогодишен спор.

    Херд и Деп беа на суд шест години, а пресудата на крајот отиде во корист на Деп и Амбер мораше да му плати 15 милиони долари, а тој да ѝ плати 2 милиони. Меѓутоа, Амбер и нејзиниот правен тим поднесоа жалба бидејќи сметаа дека судот згрешил дозволувајќи му на Деп да добие отштета и врз основа на некои од претходните изјави на Херд, а не само врз основа на интервјуто од „Вашингтон пост“, поради кое тој ја тужеше за клевета.

    Сепак, на крајот, се чини, се спогодиле, а притоа Херд сега смее да зборува за случајот, што претходно не смеела и, како што велат, сè уште не признава никаква форма на вина.

    „Амбер сега со нетрпение чека да продолжи со својот живот, како што планираше пред шест години. Таа сака да ја остави оваа несреќна епизода зад себе и планира да се фокусира на она што го сака, нејзината кариера, семејството и животните цели“, рекол извор близок до Амбер за „Дејли мејл“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img