More

    Џери Ли Луис, легендата на рокенролот, почина на 87-годишна возраст

    spot_img

    Џери Ли Луис, легендата на рокенролот, почина на 87-годишна возраст, потврди неговиот портпарол.

    Тој се смета за еден од основоположниците на рокенролот, а магазинот „Ролинг стоун“ го вклучи меѓу 100 најдобри изведувачи на сите времиња.

    Тој е еден од првите музичари што го промовираа рокенролот како нов правец во популарната музика во 50-тите години на минатиот век

    Тој беше тешко болен и пред два дена се појави лажна вест за неговата смрт.

    Џери Ли Луис беше дел од генерацијата родоначалници на правецот, заедно со Бил Хејли, Бади Холи, Елвис Пресли, Чак Бери и Литл Ричард. Првиот настап го имал со само 14 години, а во средината на 50-тите станува вистинска ѕвезда.

    Најголемиот хит на Луис беше „Големите огнени топки“ (“Great Balls of Fire”), а неговиот живот, исполнет со контроверзи, беше раскажан во истоимениот филм од 1989 година, во која улогата на музичарот ја толкуваше познатиот холивудски актер Денис Квејд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img