Џенифер Анистон наводно е подготвена да го тужи својот поранешен сопруг Бред Пит за 100 милиони долари, а причината е од деловна природа.
Имено, неодамна беше откриено дека Бред Пит има намера да ја продаде заедничката продукциска куќа „План Б“, која ја основаа на почетокот на 2000-тите додека сѐ уште беа заедно. Таа му ги оспорува тие пари и го тужи за 100 милиони долари.
Пит веќе е во правен спор со поранешната сопруга Анџелина Џоли, која изнесе сериозни обвинувања против него, па овој спор дополнително ќе му ја искомплицира ситуацијата.
„Ова не е само за парите. Што се однесува до Џен, она што е исто толку важно е принципот. Работата е во тоа што таа беше ко-креатор и основач на „План Б“, и додека технички му припадна на Бред, таа не ги доби заслугите, бидејќи го изгради од темел“, изјави извор близок до актерката.
Истиот извор додаде дека „Џен очекува барем признание и вклученост доколку се оствари продажбата на Бред, плус опција да работи со кој и да ја преземе“.
Успесите на „План Б“ вклучуваат филмови како што се „The Departed“, „12 Years A Slave“ и „Moonlight“, од кои сите освоија Оскар за најдобар филм. Исто така, беа вклучени во блокбастери како „Троја“ и „Чарли и фабриката за чоколади“.