Доколку Бугарија не даде зелено светло за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, тоа ќе резултира со забавување на развојот на регионот, што во никој случај нема да биде од полза за меѓународниот имиџ на Софија, оцени изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук на конференцијата „Либералите за иднината на Европа – Од конференција до европски реформи“ што се одржа во бугарскиот главен град.
Ќучук истакна дека ЕУ очекува Софија да даде зелено светло за почеток на преговорите за членство на земјава во Унијата, додавајќи дека не постои начин како да им се објасни на идните генерации во Бугарија дека Албанија може да го започне преговарачки процес, а на „оние што ги дефинираме како браќа и имаме легитимна причина да бидеме историски многу блиски, им ја одземаме можноста да бидат дел од ЕУ“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ќучук смета дека ако постои притисок од европските институции врз Бугарија, тоа не претставува надворешен, туку легитимен притисок, бидејќи и бугарскиот премиер Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска се дел од преговарачкиот процес на ЕУ.
Според Ќучук, Бугарија и Република Македонија мора да се вратат на прагматичен пристап и да ги најдат сите можни дипломатски и политички решенија за билатералното прашање.
Фото: MIA