More

    Ќерката на Алек Болдвин со шокантна исповед

    spot_img

    Алек Болдвин неодамна ја шокираше јавноста кога објави дека со сопругата Хиларија го очекува седмото дете во седмата деценија, а потоа неговата ќерка Ајрланд (26) објави видео кое ги потресе сите.

    Ќерката на холивудската ѕвезда во видеото што го сподели на ТикТок вели дека била силувана како тинејџерка и дека никој не знаел за тој настан освен медицинската сестра на која се пожалила на преглед. Рекла и дека во тоа време многу пиела, се дружела и била во токсични врски и пријателства.

    – Денес нема во детали да ви раскажам што се случи, но бев силувана кога бев тинејџерка и бев целосно онесвестена кога тоа се случи. Тоа ми го смени текот на животот. Со години никому не му реков за инцидентот, освен на медицинската сестра која ме прегледа. Ја чував таа тајна во себе со години, а поради тоа, си нанесов многу болка себеси и на луѓето што ги сакам – рекла Ајрланд.

    „Многу повеќе пиев, се забавував, бев во насилни и токсични врски и пријателства… Главно правев сѐ што можев себеси да си го отргнам вниманието“, додала таа.

    Ајралнд потоа истакнала дека абортирала подоцна во животот.

    Кога видела колку „други храбри жени ги споделуваат своите приказни“, ја натерало да размисли како би изгледал нејзиниот живот доколку забременила.

    Гледајќи толку други храбри жени кои ги споделуваат своите приказни ме наведе на размислување како би изгледал мојот живот да останев бремена и да морав да воспитувам бебе во текот на сѐ што поминував во тоа време, рекла Ајралнд. Имајте на ум, имам медицински ресурси, пари и поддршка до кои многу жени немаат пристап – порачала таа, откривајќи дека подоцна забременила непланирано од нејзиното момче.

    – Тој прилично јасно ми стави до знаење дека никогаш не сакал деца или брак. Избрав абортус затоа што точно знам какво е чувството да се раѓаш меѓу двајца кои се мразат. И јас повторно би се избрала себеси. Тоа е твој живот, твој избор, призна Ајрланд Болдвин.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img