More

    Ќе се троши за автопатот до Блаце и две фотонапонски електрани

    spot_img

    Со 188 милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе се поддржи изградбата на три многу важни инфраструктурни проекти во земјава – автопатот Скопје – Блаце и фотоволтаичните електрани ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола, соопшти Министерството за финансии (МФ).

    Собранието вчера даде „зелено светло“ за двата закона за државна гаранција, кои беа изготвени од Министерството за финансии. Парите, како што наведува МФ, ќе станат достапни по потпишување на договорите од страна на ЕБОР, ЈП за државни патишта, ЕСМ и Министерството за финансии.

    – Со изградбата на втората подделница од автопатот Скопје – Блаце во должина од околу 10.5 километри значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, безбедноста на патот, ќе се скрати времето на патување и ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.Проектот ќе го имплементира ЈПДП и ќе се финансира со средства од ЕБОР во износ од 167,6 милиони евра, инвестициски грант од ВБИФ во износ од 20,82 милиони евра и грант за техничка помош од ВБИФ (техничка поддршка за имплементација на проектот и надзор) во износ од 5,68 милиони евра. Дополнително, ЕБОР доделува грант во износ од 0,35 милиони евра за изработка на е-мобилити национална стратегија и акциски план за патна инфраструктура – информира МФ.

    Според МФ, во услови на енергетска криза од исклучително значење е реализацијата на проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици кој опфаќа изградба на ФЕ Осломеј 2 со инсталирана моќност од 10 MW и ФЕ Битола со 20 MW, чиј имплементатор ќе биде ЕСМ.

    Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 25,5 милиони евра и истиот го финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР во износ од 19,8 милиони евра, обезбеден со државна гаранција, со грантот од ВБИФ во износ од 5 милиони евра и со сопствени средства во износ од 0,7 милиони евра. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img