More

    Ќе се вградат сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР

    spot_img

    Во текот на оваа и идната недела ќе го почнеме процесот на подготовка за донесување нов Изборен законик, информира денеска на прес-конференција министерот за правда Никола Тупанчески.

    – Идејата е од Министерството за правда иницијално да тргне процесот за подготовка на нов Изборен законик, кој би значел вградување на сите препораки од меѓународниот фактор, пред сѐ, од ОДИХР/ОБСЕ, меѓутоа и забелешките од другите засегнати страни – посочи Тупанчески.

    Во текот на оваа недела до сите засегнати страни ќе биде испратен допис во кој ќе бидат поканети пред сѐ, политичките партии, да земат учество во подготовката на Изборниот законик. Тој најави дека ќе бидат поканети и другите засегнати страни, односно невладините организации, здруженија и сите кои на некој начин се поврзани со изборната проблематика.

    Според Тупанчески, Изборниот законик претставува еден од основните претпоставки за едно демократско општество и Министерството за правда треба да биде максимално транспарентно и инклузивно и да ги имплементира забелешките кои беа споменати при спроведувањето на последните предвремени парламентарни избори.

    – Сакаме процесот да биде транспарентен и инклузивен зашто се работи за хиперсензитивна материја која може да има широк појас на консеквенции во однос на она што се нарекува имплементирање на демократијата во најширока смисла на зборот. Едно од посебните укажувања на меѓународниот фактор беше дека најдобро ќе биде Изборниот законик да биде донесен најмалку шест месеци пред изборите, затоа што тоа се правила на игра кои треба да се почитуваат. Предуслов е и вториот сегмент, а тоа е да се почитува начелото на консензуалност – појасни Тупанчески.

    Во таа насока, додаде министерот, покрај транспарентност Министерството ќе се обиде и максимално професионално да го спроведе процесот на подготовка на новиот Изборен законик, односно, покрај претставници на заинтересирани страни ќе вклучат сѐ што ќе биде од полза за донесување најдобар можен Изборен законик.

    Одговарајќи на новинарско прашање, Тупанчески посочи дека последните измени на Изборниот законик се направени во април 2021 година и тие се однесуваа на биометриската идентификација. Последните избори, според министерот, покажаа и детектираа низа аномалии кои треба да се исправат и врз основа на компаративна анализа да бидат донесени најдобрите решенија.

    – Како ќе изгледа новиот Изборен законик нема да зависи од мене, ќе се обидам максимално професионално да биде спроведена подготовката. Тоа значи дека би се движело во таа насока, евентуално, претседателот на работната група да не биде член на политичка партија и да има човек кој ќе му помага, на пример странски експерт. Како ќе изгледа моделот на политичкиот систем преку кој се избираат пратениците или претставниците во државата нема да зависи од мене како министер, туку од работната група, понудените решенија, идеи и аргументација – рече министерот.

    Работата на работните групи ќе почне во многу брз, краток временски интервал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img