Денеска до архивата на Владата е доставено барање од релеватните организации и академски граѓани од заедницата на Египќаните, со цел и заедницата на Египќаните да биде дел од Уставот на Република Северна Македонија доколку дојде до промена на Преамбулата, наведено е во соопштението на партијата за општествен и економски напредок (ПОЕН), партија која се грижи за интересите на сите граѓани особено за заедниците што не се спомнати во Преамбулата, односно се под категоријата „други“.
„Ставот на ПОЕН е дека сите граѓани и заедници што живеат во Република Северна Македонија треба да бидат еднакви без никаква дискримнација, а особено во основ на неспоменување на Преабулата на Уставот. Во прилог е барањето што денес е доставено до Владата, а истото ќе биде доставено и до претседателот на државата, претседателот на Собранието и до делегацијата на ЕУ“, наведено е во соопштението.