Од редовите на Народната армија на Кина денеска соопштија дека по речиси една недела успешно се завршени различните воени задачи околу Тајван, но дека воениот врв на земјата продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Тајванскиот Теснец.
„Кинеската војска ќе спроведува редовни патроли и ќе продолжи со воена обука за постигнување борбена готовност“, се вели во соопштението што го пренесе Ројтерс.
Кина ги започна масовните воени вежби по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на која жестоко се спротивстави Пекинг.